Најмладиот дебитант во историјата на Премиерлигата, 16-годишниот Харви Елиот потпиша за Ливерпул.
Ваквиот епилог беше најавен уште пред 20-тина дена кога фудбалерот кој е производ на фудбалската школа на Фулам одби да потпише нов стипендиски договор со клубот од „Кревен котиџ“.
Во трка за потписот на Елиот се впуштија и Реал Мадрид, Барселона, лајпциг, ПСЖ, но по се изгледа Ливерпул беа најбрзи.
Засега не се објавува колкава е вредноста на Елиот кој се смета за еден од најперспективните играчи на Островот.
Фудбалерот дебитираше за Фулам минатиот септември во Лига купот кога имаше 15 години и 174 дена. Во мај годинава влезе во игра против Вулверхемптон со 16 години и 30 дена, со што стана најмладиот дебитант во Премиерлигата.