Top Sport

Ливерпул го шират „Енфилд“ за 6.000 места

Фудбалскиот шампион на Европа, тимот на Ливерпул планира да го прошири својот стадион „Енфилд“ на 60.000 места, пренесуваат британските медиуми. Од клубот поделиле повеќе од 5.000 летоци за да ги повикаат локалните жители на јавни дебати каде ќе се презентира идејата за проширување на стадионот.

Челниците на клубот сметаат дека побарувачката за домашни натпревари на тимот на Јирген Клоп значително го надмина сегашниот капацитет на стадионот од 54.000 седишта. Посебно побарувачката е зголемена откако „црвените“ стигнаа до титулата во ЛШ, а сезонава се и на добар пат да дојдат до трофејот во Премиерлигата.

Идејата доаѓа откако ривалите на Ливерпул (Тотенхем и Арсенал) изградија нови стадиони, а Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ги надоградија постоечките фудбалски храмови.

„Енфилд“ последен пат се надоградуваше пред 3 години, а тогаш за таа намена беа потрошени околу 130 милиони евра.

Scroll to Top