Нема крај на медиумските шпекулации околу заминувањето на Мохамед Салах од Ливерпул. Во четвртокот англиските медиуми пишуваат дека клубот би одбил и евентуална понуда од 200 милиони фунти за својот најдобар играч.
Мохамед Салах и неговата неверојатна ефикасност оваа сеозна го привлече вниманието на најголемите европски клубови, а наводно во трката се вклучил и Реал.
Иако досега немало никаков официјален контакт помеѓу клубовите, шпанските медиуми пред два дена пишуваа дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез во летниот преоден рок ќе се обиде да донесе египетскиот репрезентативец, додека тренерот Зинедин Зидан му порачал на својот претседател дека Салах не му е потребен на Реал.
Од друга страна, медиумите на островото, објавија дека Ливерпул ќе му понуди нов договор на Салах, а најдалеку оди „Дејли мејл“, со тврдењата дека во Ливерпул би одбиле и сума од 200 милиони фунти.
Салах има постиганот 43 гола оваа сезона и е еден од најсериозните кандидати за освојување на „Златната топка“.