Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини призна дека му е многу тешко додека е во изолација.
„Да бидам искрен, мака ми е што сум заробен дома веќе 60 ден. Тоа е доволно за секој да полуди“ – изјави Манчини за „Gazeta delo Sport”.
Ситуацијата со коронавирусот е посебно драматична во Италија, земјата која беше меѓу најпогодените.
„Избегнувам дури и да ги гледам моите родители, за нив сум најмногу загрижен. Кога слушам приказни како луѓето не можат ниту да се простат од најблиските поради вирусот, ми се крши срцето“ – вели Манчини.
Водечките луѓе во Серија А најавуваат дека лигата ќе продолжи.
Сепак Манчини не се согласува со тоа. Тој смета дека нема услови за такво нешто, а многу голема е можноста да дојде до повреда на играчите поради големиот број натпревари за краток период.