Италијанскиот фудбалски интернационалец, Марио Балотели (27) можно е да стане член на турскиот фудбалски гигант Фенербахче кој оваа сезона е во страшна резултатска криза.
Турските медиуми шпекулираат дека на тимот, кој моментно е претпоследен на табелата во Турција со само 16 бода по 17 кола, очајно му е потребен напаѓач, освежување на составот.
Балотели кој е член на француска Ница може да ја смени средината за сума од 1.5 милиони евра.
Името на „Супер Марио“ како можно засилување се појавува и во екипите на Марсеј и Фиорентина.