Угледната шпанска „Марка“ пишува дека во соблекувалната на Барселона има многу незадоволни играчи, а како главен „бунтовник“ е истакнат хрватскиот интернационалец, Иван Ракитиќ (31).
Тој не е задоволен од начинот на кој Барселона го третира и поради тоа што покрај пари, неговите услуги му ги нуди на ПСЖ како размена за Нејмар да се врати во каталонскиот клуб. Се чини дека Барса не го цени доволно хрватскиот фудбалер.
„Ракитиќ ја направи уште полоша ситуацијата во Барселона затоа што не му е јасно што се случило. За неколку недели, од стожерен играч, стана замена. Ернесто Валверде не го стави во почетниот состав на првите три меча во оваа сезона на Примера. Ек играчот на Севилја ќе остане на „Камп Ноу“, но опоравувањето нема да биде лесно“ – наведува „Марка“.
Ракитиќ го одби повикот и на хрватскиот селектор Златко Далиќ при собирот на репрезентацијата со објаснување дека не го решил својот статус во Барселона.