Фудбалерот на Вест Хем, Австриецот со српско потекло, Марко Арнаутовиќ (29) ќе го замени голгетерот Хари Кејн во редовите на лондонски Тотенхем.
Според информациите од Островот, по се изгледа ќе пропадне веќе договорената преселба на Арнаутовиќ во кинески Шангај за 20 милиони евра оти Тотенхем е „загреан“ за напаѓачот кој би го заменил Кејн до март, додека е повреден, но и за во иднина.
Како што информираат од клубот, нема да жалат пари за Австриецот да го доведат во клубот, уште повеќе ако се знае дека многу веројатно е дека на крајот на сезоната Кејн ќе го напушти Лондон и ќе се пресели во Мадрид, во Реал.
Арнаутовиќ во 2017 стигна во Вест Хем од Стоук за тогашен клупски рекорд ос 25 милиони евра, а претходно настапуваше и за Вердер, Интер и Твенте.