Младата француска фудбалска ѕвезда, Килијан Мбапе признава дека му недостасува актуелниот голман на Јувентус, легендарниот Џанлуиџи Буфон. Мбапе пред една година имаше можност Буфон да го има за соиграч во дресот на ПСЖ.
Тие двајца заедно настапуваа во сезоната 2018/19 кога ПСЖ без поголеми проблеми ја освои титулата во Франција.
Сепак, 41-годишниот чувар на мрежата не се задржа долго на „Паркот на принцовите“, па веќе следното лето се врати во Јувентус.
„Секогаш сум сакал да слушам и да учам од постари. Буфон ми беше многу важен. Многу ме погоди тоа кога тој замина од клубот“ рече Мбапе за „Л`кип“.