Top Sport

Мекинро: Новак е машина, ама Федерер е најдобриот на сите времиња

Поранешниот светски тенисер број 1, Американецот Џон Мекинро се плаши дека интересот за тенисот ќе опадне кога ќе се повлече „големата тројка“, Ѓоковиќ, Федерер, Надал. Тројцата заедно освоија 52 гренд-слем титули што укажува на фактот колку тие доминирале во изминатите 15 години.

„На тенисот би можела да му опадне популарноста затоа што во последната деценија ги гледавме можеби најдобрите тенисери во историјата. Федерер е најдобриот играч кој некогаш сум го видел, Надал е сензационален шампион, некој кој одлично комбинира сила со техника, а Ѓоковиќ е вистинска машина“ вели за Мекинро за „Фигаро“.

Тој напоменува дека е вљубеник во тенисот и има цел да помогне спортот да се промовира и да се задржи интересот на публиката.

„Играв против шампион како Бјерн Борг, живеев во тоа некое златно доба на играта и се ќе направам да го промовирам тенисот. Сметам дека мечевите треба да се скратат, добро е да се има тај-брејк во петиот сет“ – смета Американецот.

Scroll to Top