Од еден од најдобрите напаѓачки тандеми во поновата историја на фудбалот, Аргентинецот Лионел Меси и Уругваецот Луис Суарез се плаши буквално секоја противничка одбрана. Оние дефанзивци кои ќе успеат да ги задржат во постигнувањето голови како да положиле фудбалски докторат.
Синоќа одбраната на Борусија Дортмунд не ја имаше таа среќа. Барса славеше со 3-1, а двајцата лефендарни фудбалски асови постигнаа по еден гол и си асистираа меѓу себе.
Шпанските медиуми денеска информираат дека Меси против германскиот вицепрвак го постигнал својот 613. гол во дресот на Барса, и тоа токму на неговиот 700. настап за каталонскиот клуб.
Суарез, пак, синоќа прецизно стрелаше по 187-ми пат откако е дел од Каталонците, во својот 262. меч.
Доколку се соберат головите на двајцата фудбалери се доаѓа до неверојатна бројка од 800 погодоци.
Прашење е што би било доколку Суарез порано не дојдеше на „Ноу Камп“, (Меси целата сениорска кариера игра за Барселона). Уругваецот пред да дојде да му биде тандем на Меси во нападот, успешно ги бранеше боите на Гронингем, Ајакс и Ливерпул, а во Барса дојде во 2014 година.