Еден од најголемите и најславните аргентински клубови, Ривер Плата од Буенос Аирес, го тресе голем скандал, откако било откриено дека некои членови на помладите категории со години биле сексуално злоставувани.
Раководство на Ривер Плата, во официјалното соопштение, објави дека клубот ќе соработува со властите и на полицијата ќе и пружи логистичка поддршка, откако една невладина организација открила дека повеќе малолетници со години биле сексуално злоставувани.
River Plate respond to shocking reports of child sex abuse at the famous Argentine clubhttps://t.co/rM3PjLj4oY pic.twitter.com/QCRT18kzyu
— AS English (@English_AS) April 2, 2018
„Клупскиот доктор знаел дека децата кои живееле во кампот биле сексуално злоставувани“, рекол на прес конференцијата Андрес Боницалси, адвокат кој им пружа правна помош на жртвите на сексуално насилство.
Тужбата била поднесена до полицијата во Буенос Аирес од страна на Асоцијацијата на жртвите на сексуално насилство (АВИВИ), а се однесува на сексуална злоупотреба на младите играчи на Ривер Плата, во периодот од 2004 до 2011 година, објавија аргентинските медиуми.
Comunicado de River Plate sobre la denuncia por abusos y pedofilia ?? pic.twitter.com/VpLt2OZ6t4
— Sol RodriguezGarnica (@SolRGarnica) April 2, 2018
„Се уште не ги знаеме сите детали од обвинението, но клубот ќе соработува со правосудните органи и обвинителството за да може да биде спроведена истрагата“, рекол секретарот на Ривер Плата, Игнасио Вањероел.
Весникот „Ла Насион“, тврди дека тужбата е поднесена по информацијата на засега анонимен клупски доктор кој неколку години работел во клубот и кој го пријавил случајот.