Европскиот шампион, Ливерпул мируваше цело лето што се однесува до трансфер пазарот, па сега на 24 часа пред истекот на преодниот рок во Премиерлигата, се појавија информации за можни трансфери.
Тренерот на тимот, Јирген Клоп го испраќа младиот Хари Вилсон на „калење“ во Борнмут, но би можело да има уште едно заминување на фудбалер од „Енфилд“.
Според пишувањата на швајцарски „Блик“, француски Монако е заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на „црвените“, Џердан Шаќири. Се споменува понуда од 36 милиони евра.
Клоп неодамна изјави дека екс-фудбалерот на Стоук и на Баерн Минхен има иднина во Ливерпул, така да тешко дека ќе се одрече од неговите услуги на ден пред крајот на преодниот рок.