Жозе Мурињо дебитираше со победа како нов менаџер на Тотенхем. „Спарси“ славеа нагости со 3-2 против Вест Хем.
По мечот, Португалецот имаше само зборови на пофалба за својата екипа која славеше нагости во ПЛ првпат по 11 месеци.
„Не сум загрижен за мојата кариера во Тотенхем, но загрижен сум за екипата и играчите. Беше многу важно денеска да победиме, 11 месеци оваа екипа не пеела на гости, среќен сум поради нив. Мислам дека бевме поблиску до тоа да биде 4-0 отколку тие што дојдоа до 3-1, но ова е Премиерлига“ рече Мурињо по мечот.
Првата работа која можеше да се забележи веднаш на стартот беше позицијата на Деле Али, кој Мурињо го постави поблиску до Кејн. Се обидува Португалецот да го разбуди Али кој е надвор од форма цела година.
„Деле беше исто како и екипата. Брилијантен 65 минути, а тогаш падна. Сепак, мислам дека денеска го видовме стариот Деле Али. Го правеше токму она што го барав од него, интелигенте е, ќе биде уште подобар. Понекогаш на теренот гледате формација 4-3-3, или 4-3-2-1, луѓето мислат дека тоа е иста работа. Никогаш не е исто, важна е динамиката која се носи. Позицискиот фудбал што јас го сакам е поинаков од вообичаениот. Сакам овие играчи на теренот да се чувствуваат удобно“ – рече португалскиот стратег.
Тој одговараше и на прашањето како се увствува повторно назад, во Премиерлигата.
„Првпат по долго време не правев подготовки со клубот за новата сезона. Поминував по стадионите и ги следев тренерите. Јас припаѓам тука, покрај аут линијата. Тоа е моето природно место, го обожувам тоа, посебно кога победуваме“ – рече Мурињо.