На турскиот фудбалски интернационалец, Арда Туран (32), екс-фудбалерот на Барселона и Атлетико Мадрид му се заканува казна затвор.
На фудбалерот кој за Турција одигра 100 натпревари и постигна 16 погодоци, како што пишуваат турските медиуми, му се заканува затворска казна од 3 до 12.5 години заради тоа што си имал работа со туѓа жена.
Туран во ноќен клуб и се додворувал на жена за која се испоставило дека му е сопруга на турски познат пејач, по што настанала тепачка. Фудбалерот му го скршил носот на пејачот кој итно бил префрлен во болница. Туран веднаш тргнал во болницата по нив, но со него го зел и пиштолот за кој нема дозвола.
Кога во болницата Арда дошол до пејачот, го извадил пиштолот по што истрелал еден куршум, па настанал општ хаос во болницата.
Поради своето однесување наскоро фудбалерот ќе се појави во суд, а информациите се дека е обвинет за сексуално вознемирување, нанесување тешки телесни повреди и пукање со огнено оружје за кое немал дозвола.
Арда Туран кој моментно настапува за Истанбул Башахшехир кариерата ја започна во Галатасарај, по што премина во Атлетико Мадрид каде доби потполна афирмација. За Атлетико одигра 178 натпревари, при што постигна 22 гола и имаше 32 асистенции.
По добрите игри во Мадрид, во 2015 година стана дел од Барселона каде настапи само на 55 меча и прецизно стрелаше 15 пати, надополнети со 11 асистенции за гол.