Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал е еден од најскромните меѓу „спортските милионери“, но сега и тој се реши да се почасти.
Купи јахта вредна 5 милиони евра, но ќе мора да биде многу трпелив, затоа што бродот е се уште во изградба и со него не може да се плови.
Информациите се дека пловилото ќе може да биде подготвено за возење дури во септември идната година, откако претходно ќе биде претставено на Саем за пловила во Кан, Франција.
Јахтата е долга 27 метри со 7 кабини, предвидена за 12 луѓе, произведена од фирма од Полска.
„За некој кој е од остров како јас, морето е дел од животот. Не кријам дека го сакам морето. Секогаш кога сум на одмор на Мајорка наоѓам време да одам на море и да уживам на брод. Многу сум среќен што ќе пловам со бродот „Санриф јахта“- рече Шпанецот.