Велшки „BBC“ објави вест дека францускиот клуб Нант службено од Кардиф Сити ги бара 17-те милиони евра за трансферот на Емилијано Сала иако Аргентинецот за велшкиот тим не одигра ниту минута.
Сала ден пред исчезнувањето потпиша договор со Кардиф и се врати во Франција за да си ги спакува работите и да се поздрави со соиграчите.
И ФИФА го потврди трансферот и тоа само неколку часа пред авионот со кој патуваше Сала да исчезне од радарите. Потоа Кардиф ја стопираше исплатата која требаше да се одвива на 3 рати.
Велшкиот премиерлигаш ја одложи исплатата додек не се собере сета потребна документација, додека Нант службено бара Кардиф да го испочитува договорот за продажба на играчот.
Инфорациите кои ги пренесува „BBC“ се дека Нант се заканил дека ќе тужи доколку во рок од 10 дена не им биде исплатена првата од трите рати.
Од Кардиф се изненадени од одлуката на Нант, но велат дека парите ќе бидат исплатени според договорот.
Nantes have demanded payment from Cardiff City over the £15m transfer of Emiliano Sala https://t.co/9FztwhgegG pic.twitter.com/tqChJDQ0ec
— BBC Sport (@BBCSport) February 6, 2019