Голманот на Реал Мадрид, Костариканецот Кејлор Навас од клубот бара да му бидат исплатени платите за последните две години од договорот пред да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пренесува шпански „АС“.
Информациите се дека Кралевите не сакаат да ја исполнат желбата на чуварот на мрежата и да му исплатат околу 10 милиони евра, колку што му изнесуваат двете плати, па најверојатно се решени да почекаат на понуда за 32-годишниот голман.
Навас минатата сезона ја изгуби позицијата стартер на голот на Реал по доаѓањето на Белгиецот, Тибо Куртоа, па затоа се очекува дека летово ќе го напушти клубот од Мадрид.
Медиумите шпекулираа со неколку екипи кои се заинтересирани за неговите услуги, а меѓу „најзагреаните“ екипи за Навас се споменуваат ПСЖ, Бенфика и Спортинг Лисабон.