Top Sport

Жестока казна за Марсело – 157.000 евра поради брзо возење без возачка

Одбранбениот играч на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело (31) е казнет со 157.000 евра поради пребрзо возење, при што немал ниту возачка дозвола, пренесе шпанската новинска агенција „ЕФЕ“.

Бразилецот денеска дојде на суд во Алкобендаси, а таму му беше одредено дека секој ден во наредните 15 месеци ќе мора да плаќа по 350 евра.

Левиот бек на мадридската екипа бил запрен од полицијата на 19 декември лани при брзина од 134 километри на час.

Возел без возачка дозвола, односно истата му била одземена поради пребрзо возење, во претходна ситуација.

Марсело бил казнет и пред 7 години, и тоа со 6.000 евра поради брзо возење.

Scroll to Top