Top Sport

Нејмар повторно вплеткан во скандал, обвинет е за силување!

Голем скандал поврзан со Нејмар го тресе Бразил. Жена го пријавила бразилскиот фудбалер дека ја силувал на 15 мај во Париз. Името на жената засега не се објавува во јавност, наведоа бразилските медиуми кои ја пренесоа приказната.

Документите кои се појавија во јавноста содржат информации дека Нејмар најпрво ја запознал жената на Инстаграм, па тргнало допишување. Потоа, според информациите, се договориле преку заедничкиот пријател, извесен Гало од бразилскиот град Санто Амаро жената да стигне во Париз, во градот каде Нејмар настапува за својот ПСЖ.

Жената на 15 мај била сместена во луксизниот хотел „Софител“, а околу 20 часот Нејмар пристигнал во хотелот во алкохолизирана состојба.

Според нејзините наводи, не му требало на Бразилецот многу за да стане агресивен, па насилно ја натерал на секс.
Жената сведочеле дека на 17 мај се вратила во Бразил, емоционално била разнишана и се плаши од понатамошно сведочење.

Целиот случај бил потврден и од делегатката на Шестата постава за одбрана на жени од бразилскиот град Санто Амаро, Жулијана Бусакос кој потврдила дека документи за силувањето постојат.

Истрагата веднаш е покрената, а Нејмар ќе мора да се јави во полиција. Тој моментно со бразилската фудбалска репрезентација се наоѓа на подготовки за претстојната Копа Америка која се игра токму во Бразил.

Scroll to Top