Њујорк Никс би можеле да влезат во историјата на НБА лигата како прв клуб кој има жена како главен тренер. Се работи за Беки Хемон која веќе влезе во историјата на кошарката како прва жена ангажирана во струлен штаб на НБА тим. Грег Попович ја викна во Сан Антонио да биде дел од неговиот стручен штаб.
Таа тогаш рече дека е почестенашто добила можност да работи со најдобриот тренер во лигата.
Американските медиуми пренесуваат дека Беки Хемон е кандидат за испразнетото тренерско столче кај Никси откако вчера поради слабите резултати отказ заработи Дејвид Физдејл. Како привремен тренер е именуван Мајк Милер.
Хемон изјавила дека е заинтересирана само под услов да и биде понудена повеќегодишна
Освен неа, како опција за клупата на Никси се споменуваат и имињата на Марк Џексон и Сем Мичел.