Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ би моѓело повторно да оди на операција, објавуваат американските медиуми.
Угледниот новинар на „Њујорк Тајмс“, Кристофер Клери пишува за проблемите на Федерер и Ѓоковиќ што ги имаа на САД опен.
„Ѓоковиќ и Федерер покажаа знаци на „смртност“ на САД опен. Федерер почувствува болки во грбот, а Димитров го победи во четвртфиналето на турнирот. Тука е и проблемот со рамото на Ѓоковиќ, кој му го предаде мечот на Вавринка во осминафиналето. Можно е подолг период да биде надвор од тенисот ако му биде потребна операција“ – пишува Клери.
Српскиот тенисер и пред САД опен имаше проблеми со рамото, во текот на турнирот во Синсинати. Иако делуваше дека на Србинот му е потребен само продолжен одмор, според зборовите на новинарот, нему му е потребна операција.
„Имам информација дека рамото на Ѓоковиќ е доста проблематично и дека би било потребно повеќе отколку само малку одмор“ – пишува Американецот.
Според распоредот на српскиот тениски ас, следен турнир на кој би требало да се појави е оној во Токип од Серијата 500, по што следуваат Мастерсите во Шангај, односно Париз.