На натпревар од мексиканската лига меѓу тимовите на Веракруз и Круз Азул беше забележана одбраната која со право може да конкурира за интервенција на сезоната.
Творец на фантастичната одбрана беше 21-годишниот голман Себастијан Хурадо.
Се играше 79 минута при резултат 1-1, а Круз Азул имаше корнер. По центаршутот топката дојде до напаѓачот на гостите и тој излезе сам со голманот на 2-3 метри од голот, но младиот чувар на мрежата реагираше инстинктивно со ногата и спречи водство.
Погледнете:
https://old.reddit.com/r/soccer/comments/ats259/21yearold_mexican_goalkeeper_sebasti%C3%A1n_jurado/?ref=share&ref_source=link