Моментно третиот тенисер во светот и освојувачот на најмногу грен слем титули во историјата на тенисот, Швајцарецот Роџер Федерер наводно кариерата ќе ја заврши во октомври 2019 година, на турнирот во родниот Базел.
Швајцарските медиуми сеуште се оградуваат од оваа вест затоа што тимот на Федерер сеуште не го објавил календарот на настапи за следната година, но од „земјата на чоколадото“ стигнува потврда дека 99 е сигурно дека тенисерот ќе се врати на Ролан Гарос по пауза од 4 години.
„Планот на Федерер е во мај да се прости од публиката во Париз, а потоа и од таа во Лондон на Вимблдон. На крај завесата да се спушти во Базел“ – шпакулираат медиумите во Швајцарија.