Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал во последната деценија, Германецот со турско потекло, Месут Озил (31) според пишувањата на англиските медиуми, овој викенд ќе го има последниот натпревар за „топчиите“.
Озил по нападот кој заедно со Колашинац го доживеаја во центарот на Лондон овој викенд се враќа на фудбалските обврски во клубот.
Неговиот агент веќе е во Вашингтон, на преговори со ДЦ Јунајтед, па постои можност Озил да ја продолжи кариерата во МЛС лигата во САД.
Озил во Арсенал е од септември 2013 година. Во лондонскиот клуб стигна од Реал Мадрид, а претходно настапуваше и за Вердер, односно Шалке 04.