Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев остана без тренер во клубот во кој настапува, италијанска Џенова.
И официјално – Аурелио Андреацоли доби отказ на кормилото на клубот по разочаруваќките резултати со клубот од југот на Италија. Челниците на Џенова се решија на најрадикалниот потег, промена на тренерот по 8 кола во Серија А.
Џенова од вкупно 24 бода на располагање на стартот на сезоната, со Андреацоли на чело на клубот освои само 5 и се наоѓа на претпоследното место на табелата.
Италијанските медиуми шпекулираат со името на Тиего Мота како најсериозен кандидат за испразнетото место на клупата на Џенова.
Мота, кој е екс-соиграч на Пандев од трофејната сезона на Интер, претстави револуционерна фудбалска формација 2-7-2 која се обиде да ја спроведе во младинскиот погон на ПСЖ.
Инаку Мота е екс-играч на Барселона, Интер, Атлетико и на француски ПСЖ.