Тројниот освојувач на Лигата на шамионите со Барселона, шпанскиот фудбалер Педро Родригез размислува да се врати во каталонскиот клуб. Шпанскиот ас кој од 2015 година е дел од Челси за Барса одигра 321 меч, постигна 99 гола, а имаше и 62 асистенции. Тој пред 4 години си замина од „Камп Ноу“ поради силната конкуренција во нападот на клубот.
„Опцијата за враќање секогаш постои и се надевам дека ќе се случи. Сите знаат што чувствувам за Барселона и јасно е дека пости можност за враќање. Не знам дали моето враќање е во раце на тренерот или претседателот, но можноста е реална“ – изјави Педро за каталонското радио.
Од доаѓањето на Лампард на клупата на Челси, Шпанецот само четирипати настапи во Премиерлигата, па тоа е главната причина за неговото незадоволство.