Сопственикот на Реал Мадрид, Флорентино Перез побарал позајмица од неколку банки во Шпанија за да може да го финансира трансферот на Нејмар од ПСЖ во Реал и да може да му даде раскошна плата, пишува каталонски „Спорт“.
Според информациите на весникот, Перез тоа го сторил за да влезе во завршната фаза од преговорите со финансиска поткрепа. Освен трампа на дел од играчи од Кралскиот клуб, претседателот палнира да понуди и најмалку 100 милиони евра. Се претпоставува дека платата на Бразилецот би изнесувала околу 200 милиони евра за 5 сезони на „Бернабеу“.
„Спорт“ наведува и дека Перез за овој чекор се одлучил по неуспешната продажба на некои од играчите во клубот, а згора на тоа Кралевите доста потрошија со трансферите на Азар и Јовиќ во Мадрид.
Од почетокот на преодниот рок, Реал потроши 305 милиони евра, додека од продажба на играчи заработи „само“ 115 милиони евра.
Преодниот рок во Шпанија завршува на 2 септември.