Top Sport

Пилотот кој го возел Сала бил далтонист и не смеел да вози ноќе

Трагично загинатиот аргентински фудбалер, Емилијано Сала го загуби животот во авионската несреќа на 21 јануари годинава, а по два месеци од несреќата се откриваат детали за пилотот Дејвид Иботсон кој го управувал малиот „пајпер“ авион.

Како што пренесува BBC, Иботсон бил далтонист, не можел да ги разликува боите, а кога тоа се случува со пилот, тој никако не смее да лета ноќе, а трагедијата се случи токму во такви околности. Од Службата за цивилно воздухопловство наведуваат дека пилотот би требало да има посебни очила за таков тип летови.

„Ако личнота не може да разликува бои, тогаш никако не може да биде пилот ноќе, затоа што не може да прави разлика меѓу зелени и црвени светла, што е клучно за ноќни летови“ – изјавил неименуван извор од авијацијата.

Исчезнатиот пилот, чие тело за разлика од Сала, не беше пронајдено остави зад себе три деца, а шпекулациите се дека бил во големи долгови, па освен пилотирањето на мали авиони на комерцијални летови, работел и како водоинсталатер.

Scroll to Top