Претседателот на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, Ули Хенес планира на годишното собрание на клубот во ноември повеќе да не учествува во изборот за прв човек на Баерн.
Германски „Билд“ укажува дека Хенес најверојатно нема да остане на местото претседател на Надзорниот одбор до крајот на својот мандат, во 2022 година.
Германецот уште пролетоска најави дека по крајот на сезоната, во која Баерн ја освои двојната круна, ќе одлучи за својата иднина. Сепак медиумите во Германија се сигурни дека по 40 години на чело на клубот, во кои двапати ја освои Лигата на шампиони, Хенес си оди пред се поради критиките на негова сметка на минатото клубско собрание.
Хенес има намера за свој наследник да го предложи Херберт Хајнер.