Матео Политано е нов играч на Наполи. Крилниот напаѓач доаѓа во екипата предводена од Џенаро Гатузо од редовите на Интер, по долги преговори, по кои два клуба успеаја да постигнат договор.
Политано, кој ќе му биде соиграч на нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, денеска беше официјално претстваен пред јавноста, а доаѓа на позајмица до крајот на сезоната. Наполи, во јуни ќе има опција да го откупи неговиот договор кој е со важност до 2023 година.
Доколку клубот од Неапол реши да го задржи Политано и по завршувањето на сезоната, „нероазурите“ од неговиот трансфер ќе заработат 20 милиони евра.
Политано во кариерата има настапувано и за Рома, Сасуоло и Интер, а на „Џузепе Меаца“ дојде за 25 милиони евра.
Benvenuto @MPolitano16 ??
?? https://t.co/ETclzx5VAp#WeAreAllBrothers
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/CQ86UDHdy8— Official SSC Napoli (@sscnapoli) January 28, 2020