Многу очечуваат во Милан од големото јануарско засилување, послиот фудбалер, Кшиштоф Пјатек заради кој „Росонерите“ се одрекоа од услугите на Гонзало Игуаин, а на Џенова и платија 35 милиони евра.
Полјакот дебитираше за Милан минатиов викенд против Наполи на „Сан Сиро“ во ремито без голови. Тогаш во игра влезе во 71 минута, а вечерва од 20.45 часот во куп натпреварот меѓу истите два тима се очекува Пјатек да се најде во стартниот состав.
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо вели дека младиот голгетер неодоливо го потсетува на дански фудбалски напаѓач кој своевремено ги решеташе противничките мрежи во дресот на Милан.
„Пјатек ме потсетува на Јон Дал Домасон, има специфична карактеристика. Јон никогаш не се штедеше на тренинзите и беше од голема помош, дури и во ситуација кога не беше стартер. Пјатек само што стигна, но ми се допаѓа. Тој е интересно момче, сака да разгледува и да ја почувствува структурата која ја имаме тука. Тоа е фантастично“ – вели Гатузо.
За споредба, погледнете некои од акциите и погодоците на Данецот во дресот на „Росонерите“: