Пред десетина дена беше близу до заминување во Саудиска Арабија. Вчера стигнаа информации дека францускиот фудбалер, Франк Рибери е пред засилување во Холандија или Русија, се споменуваа ПСВ Ајндховен односно Локомотив Москва.
Сепак искусниот Французин според денешните информации е многу блиску карирата да ја продолжи во италијанска Фиорентина.
Џанлука Ди Марцио, италијански експерт за преоден рок и неговиот „Скај Спорт“ ја носат информацијата дека 36-годишниот фудбалер можно е да продолжи со Фиренца. Наводно, контактите со клубот биле остварени пред неколку часа.
#Calciomercato | La #Fiorentina sogna #Ribery per l’attacco: contatti in corso per riuscire a convincerlo https://t.co/Mi0ZwrXBo3
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 11, 2019
Рибери е слободен играч, па екипата предводена од новиот сопственик Роко Комисо сака сериозно да се засили за следната сезона и да го убеди младиот Федерико Киеза да остане на „Артемио Франки“.
Ди Марцио открива дека желба на Фиорентина е во тимот да бидат доведени Марио Балотели и Сусо Фернандез од Милан.
Фиорентина со Рибери, Балотели и Сусо, но и со Киеза за кој се интересираат Јувентус и Интер, тоа е повеќе од сериозен проект.