Челниците на француски ПСЖ упатиле официјална понуда за фудбалерот на Јувентус, за репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ (29).
Според информациите на италијанските и француските медиуми, се шпекулира дека ПСЖ нуди 100 милиони евра за фудбалерот од средниот ред
Освен шампионот на Франција, како сериозен кандидат за кувување на Пјаниќ се споменува и Реал Мадрид.
Пјаниќ сезонава ја освои титулата во Серија А со Јуве, а во четвртфиналето на ЛШ неговиот клуб беше беше запрен од Ајакс.
Босанецот за „Старата дама“ сезонава во сите натпреварувања одигра 44 меча, а имаше учинок од 4 гола и 8 асистенции.