Хрватскиот стратег Нико Ковач со епизодата која ја имаше на клупата на Баерн Минхен разлути многумина, а еден од оние кој нема по добро да го памети е Бразилецот Рафиња. Тој смета дека Ковач е главниот виновник за тогашната лоша ситуација во клубот од Минхен.
„Со Ковач на чело, Баерн имаше тежок период. Да беше поинаку, можеби таму се уште ќе беа и Робен, Рибери, Хамес Родригез, Ренато Санчез, Хумелс, Артуро Видал и јас“ рече Рафиња кој дресот на Баварците го носеше од 2011 до 2019 година, пред да се пресели во Фламенго.
Тој вели дека сакал да си отиде од Баерн и година претходно, но Ковач му го стопирал трансферот.
„Го прашав дали ќе ме пушти да ја напуштам екипата, но тој ме молеше да останам и ми рече дека му требам. А потоа едвај добивав прилика да заиграм, пред се во вториот дел од сезоната“ – раскажува Рафиња.
Сезоната Бразилецот на последните 7 меча добил само 11 минути за игра.
Неколку месеци по него, од Баерн си отиде и Нико Ковач.