Еден од најпознатите фудбалски менаџери, Мино Раиола во интервју за холандски „Voetbal International“ го прокоментира трансферот на Матијс де Лихт во Јувентус.
Младиот холандски фудбалер сезонава имаше неколку големи грешки во екипата на Јуве, а Раиола смета дека му е потребно време за комплетно вклопување во екипата. Менаџерот посредуваше во тоа Холанѓанецот за 67.5 милиони да заврши во Торино, а не во Барселона, како што се најавуваше.
„Барселона мислеше дека Де Лихт ќе го доведе само затоа што веќе го потпиша Де Јонг. Го третираа како обично парче сирење. Причините поради кои го сакаа во екипата беа погрешни. Зарем навистина мисите дека Пике би се тргнал и би му направил место. Во Холандија навреме ги увидоа намерите на луѓето од Барса. Де Лихт не го интересираа пари, тој само сакаше да игра. Јуве сакаше да го доведе и година порано, но Ајакс успеа да го наговори да остане уште една сезона. Трансферот во Италија секогаш беше прва опција, пред оној во Барса и ПСЖ“ – рече Раиола.