Манчестер Јунајтед со еден гол ги однесе трите бода од Лондон, по гостувањето кај Тотенхем, славеше победа со 0-1.
Ова беше петти последователен триумф на „Црвените ѓаволи“ под водство на новиот тренер Оле Гунар Солскјер со што тимот од „Олд Трафорд“ се искачи на петтата позиција во Премиерлигата.
Единствениот погодок на мечот беше дело на Маркус Рашфорд во последните минути од првото полувреме кога со прецизен шут по земја оддесно го совлада голманот на Тотенхем, Уго Лорис.
Најдобрата шанса за израмнување ја имаше Хари Кејн на почетокот на вториот дел, но Давид Де Хеа успеа да ја сочува својата мрежа.
По поразот Тотенхем пропушти можност да напредува на табелата и сега е на третата позиција.