Од Италија доаѓаат информации дека веќе е договорена размената на играчи меѓу Јувентус и Барселона. Артур оди во Торино, Пјаниќ во Барселона.
Џанлука Ди Марцио еден од највлијателните италијански новинри открива детали од договорот.
Вредноста на Пјаниќ се проценува околу 60 милиони евра, а онаа на Артур околу 75 милиони. Според тоа, „Старата дама“ во Барселона освен Босанецот, ќе мора веднаш да испрати 10 милиони евра кеш, додека останатите 5 милиони би биле низ одредени бонуси.
Пјаниќ (30) е голема желба на Каталонците со месеци. Поради понудата од Барса, тој одби побогати понуди од Челси, Јунајтед и ПСЖ.
Од друга страна Артур беше многу потешко да се наговори да соработува во оваа размена. Сепак, пресудно за него било тоа што му кажале дека доколку остане на „Ноу Камп“, повеќе време ќе поминува на клупата за резерви.