Реал Мадрид не сакал да го продаде Бразилецот, Винициус Жуниор во Арсенал, кој покажал голем интерес за фудбалерот летово.
Младиот 19-годипен фудбалер постигна 7 гола, а асистираше при уште 13 погодоци во 36 настапи за „Кралевите“ од Мадрид минатата сезона, во сите натпреварувања, откако од бразилски Фламенго премина во шпанската престолнина.
Техничкиот директор на Арсенал, Еду Гаспер, наводно разговарал со раководството на Реал да го доведе Винициус на „Емирати“ стадионот во Лондон, во текот на летото но шпанскиот клуб не се согласил, иако тренерот Зидан сакал да го даде играчот, оти Белгиецот Еден Азар игра на истата позиција.
Винициус се поврзуваше и со трансфер во ПСЖ, само доколку беше постигнат договор со Нејмар, но тој остана во Реал и настапи на првите три натпревари за клубот оваа сезона.