По двата меча во Купот на кралот, „Кралскиот клуб“ Реал Мадрид до врв ја наполни мрежата на нисколигашот Мелиња и со вкупен резултат од 10-1 успеа да влезе во осминафиналето на ова натпреварување.
Во натпреварот кој заврши предмалку, Реал Мадрид со испретурен состав, го почести нисколигашот со 6 гола на „Бернабеу“, конечни 6:1, во првиот меч 0:4.
Во првото полувреме воведните два гола беа дело на Асенсио, а за 3:0 на полувремето се погрижи Санчез.
Во второто полувреме Иско двапати прецизно стрелаше, додека Жуниор Винициус постигна еден гол.
Гостите својот почесен гол во двомечот против гигантот го постигнаа во 81. минута, од пенал.