Реал Мадрид до следната сезона сака да го реши прашањето со одбраната, а како идеален нов водач на дефанзивната линија во Мадрид го сметаат Сенегалецот Калиду Кулибали (28) од Наполи. Проблемот е во тоа што Наполитанците со години одбиваат понуди за него.
„Толку многу го сакам Кулибали што за него одбив 105 милиони евра“ – изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
Шпанскиот весник „El Desmarque“ пишува дека Реал Мадрид уште идниот месец ќе испрати понуда до Наполи во која ќе биде вклчен и хрватскиот ас, Лука Модриќ (34). Наводно, Реал го нуди Модриќ и 50 милиони евра за сенегалскиот дефанзивец.
Договорот на Модриќ со Кралскиот клуб истекува во јуни 2020, па на овој начин Реал би можел да профитира и на негов трансфер.
Реал за услугите на Кулибали се бори со Барселона и Тотенхем. Каталонците се обидуваат да го доведат на „Ноу Камп“ откако летоска им пропадна шансата со Холанѓанецот Матијс де Лихт.
За трансфер во Тотенхем, пак, „притиска“ новиот предводник на Спарси, Жозе Мурињо.