Италијанска Рома одбила 35 милиони евра од Јувентус за трансфер на младиот играч од средниот ред, Николо Заниоло.
Римјаните сметаат дека понудата на шампионот е премала за 20-годишниот фудбалер иако тој минатото лето дојде од Интер кај „волчицата“ како „кусур“ при трансферот на Раџа Наинголан, пренесува „Газета дело Спорт“.
Јуве не се поколебал, па оттаму најавуваат дека подготвуваат нова понуда за фудбалерот.
Јуве игра на картата дека Рома мора до 30 јуни годинава да има приход од 45 милиони евра поради правилата за фер-плеј, а до сега „волчицата“ заработила само 3 милиони со заминувањето на Езекиел Понси во московски Спартак.
Младиот репрезентативец на Италија минатата сезона воодушеви со партиите за Рома. Постигна 6 гола на 36 меча во Серија А.
https://youtube.com/watch?v=0KsS41qycK0