Босанскиот фудбалер Един Џеко вечерва беше таличен за Рома, со гол во 95 минута донесе победа од 3-2 на гостувањето против Рома.
Играчот на Фросиноне Камило Чано уште во 5 минута донесе водство за домаќините од 1-0. Во продолжение Един Џеко во 30. минута погоди за израмнување 1-1, а целосен пресвт за Рома носи Пелигрини само една минута подоцна.
Во вториот дел во 80. минута Пинамонти израмнува на 2-2.
И кога сите очекуваа поделба на пленот, на сцена стапи Џеко со неговиот втор гол во 95 минута за три бода на Рома.
„Волчицата“ сега е на петтата позиција на табелата во Серија А со 44 бода, само еден помалку од четвртопласираниот Милан кој е на место кое води во квалификациите за ЛШ.
Во следното коло Рома на „Олимпико“ го игра големото градско дерби против Лацио.