Вардар само едно полувреме имаше проблем со тимот на нивниот поранешен тренер Веселин Вујовиќ, Железничар од Ниш, пред да го „прегази“ со 35:20 (14:11) продолжувајќи ја низата без пораз на 28 меча (27 победи и едно реми) во низа во регионалната СЕХА-лига.
Без повредените Стоилов и Горбок, Парондо доби добра вест што првпат оваа сезона заигра Игор Карачиќ, како и Вуко Борозан. Српскиот тим се „држеше“ до 12:11, по што доминацијата на „црвено-црните“ се покажа во најдобро светло.
Железничар имаше „црна дупка” од 16 минути без постигнат гол, а Вардар од секоја акција реализираше. Тоа беше период во кој „црвено-црните” го решија натпреварот. Серијата од 10-0 беше клучна за пресвртот на средбата. Од негатива 8-11 во 19 минута па сѐ до водство 18-11 во 34 минута Вардар ја потврди фаворитската улога и си овозможи полесно да се доигра средбата.
Вардар – Железничар 35-20 (14-11)
Вардар: Поповски 4, Криштопанс 4, Мораеш 4, Чупиќ 4, Дибиров 4, Кисељев 4, Недановски 1, Карачиќ 3, Скубе 3, Калараш 3, Борозан 1