Мадридски Реал во голем стил ја започна новата сезона во Примера. Предмалку во Виго кај Селта, Кралскиот клуб славеше убедлива победа со 1-3. Реал по првото коло има 3 бода предност пред најголемиот конкурент, Барселона која синоќа загуби кај Атлетик Билбао со 1-0.
Францускиот ас, Карим Бензема кој и во подготовките беше расположен за голови ја отвори серијата во 12 минута за 0-1. Асистент на погодокот беше Герет Бејл, кој на изненадување на многумина се најде во првиот состав на Зидан.
Во вториот дел, во 56 минута Реал остана со играч помалку на теренот. Изненадувачки директен црвен картон заработи хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ.
Тоа не ги поколеба гостите да тргнат повторно во офанзива. Во 61 минута, на асистенција на Марсело водство од 2-0 за Кралевите носи Германецот Тони Крос.
Лукас во 80 минута носи висока предност од 0-3 за фаворитот, на асистенција на Бензема.
Домаќините успеаја да се изборат за почесен погодок, стрелец беше Лосада во 91 минута, смо 3 минути откако влезе во игра.
Инаку, кај Реал во Примера дебитираше српскиот интернационалец, Лука Јовиќ. Тој влезе во игра во 81 минута, на местото на Бензема.