Бостон и Торонто го одиграа најинтересниот меч во ноќешните дуели од НБА лигата. Регуларно заврши нерешено, но по продолжението од 5 минути славеа Селтикси со 123:116.
Кајри Ирвинг реализираше 43 поени и имаше 11 успешни додавања до соиграчите. Кај противницте му парираше Каваи Ленард со 31 поен и 15 скокови.
Во останатите дуели Минесота беше убедлива против Портланд 112:96, а дури шестмина играчи на Вулфси имаа двоцифрен број на поени.
Индијана беше подобра од Мајами 99:91 со одлични партии на Балканците Бојан Богдановиќ со 16 поени и 6 скока, а Горан Драгич 8 поени и 3 додавања.
На мечот Њу Орлеанс – Њујорк Ентони Дејвис со 43 поени и 17 скока беше прва ѕвезда. Пеликанс триумфираа со 129:124. Бруклин беше подобар од Вашингтон со 115:104.
Милвоки Бакс имаа голем пресврт против Чикаго Булс и победа со 123:104. На полувремето „биковите” имаа предност од 18 поени, но Милвоки успеаја да се вратат во мечот и да триумфираат.
Кај победникот Ерик Бледшо постигна 25 поени, Крис Мидлтон уфрли 23. Кај Булс Џабари Паркер даде 21, а Џастин Холидеј 20 поени.