Словачкиот фудбалер, Мартин Шкртел (34), кој е соиграч на нашиот Елиф Елмас во турски Фенербахче одбил трансфер во Барселона.
Според информациите, Словакот не сака да се пресели на „Камп Ноу“ во преодниот рок затоа што добро се чувствува во Истанбул, а не сака во Барса да биде резерва.
Екс-играчот на Ливерпул во 2016 година замина од „Енфилд Роуд“ откако 8 сезони беше меѓу „црвените“.
Барселона сака да ја зголеми конкуренцијата во одбраната откако Самуел Умтити се повреди, а Жерар Пике е преоптоварен.
По „корпата“ од Шкртел сега Каталонците ќе се потпре на услугите на Џејсон Мурилјо од Валенсија кој има статус на позајмен играч.