Фудбалската репрезентација на Швајцарија ја декласира Белорусија со 0:5 во првиот меч од групата И во квалификациите за ЕВРО 2024. Овој натпревар се одигра на неутрален терен, на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад, а хет-трик постигна Ренато Штефен. Тој беше стрелец на првите три гола за швајцарскиот тим, а потоа се надоврзаа и Гранит Џака и Зани Амдуни.
Турција ја победи Ерменија на гости во Ереван со 1:2. Озан Кабак во десеттата минута си постигна автогол за водство на Ерменија, но Кокчу израмни во 35.минута, а победничкиот гол беше дело на Керем Актуркоглу.
Израел и Косово одиграа 1:1. Гостите поведоа со автоголот на Ели Даса, а Израел израмни преку Дор Перец во 56.минута од мечот.