Top Sport

Уште еден играч на Јута има коронавирус, соиграчот го заразил!

Потврден е втор случај на заразен со коронавирус во НБА лигата, во тимот на Јута Џез. Првиот кој беше позитивен на опасниот вирус, Французинот Руди Гобер со своето недолично однесување се чини го заразил колегата од тимот – Донован Мичел.

„Наодот на Мичел е позитивен на коронавирус. Играчите на Јута рекоа дека Гобер бил невнимателен, ги допирал соиграчите и нивните предмети, па така вирусот му го пренел на соиграчот“ – извести познатиот американски новинар, Адријан Војнаровски.

За среќа, од вкупно 58 тестови на играчи и останати вработени во Јута Џез, само Мичел бил позитивен.

На социјалните мрежи е вирална снимката на која францускиот кошаркарски центар на прес-конференција сакајќи да се пошегува за коронавирусот, ги допира микрофоните.

Scroll to Top