Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вели дека Феде Валверде го направил вистинскиот потег кога грубо го фаулираше неговиот фудбалер Алваро Мората, кој имаше чист пат до голот во шпанскиот Суперкуп помеѓу Атлетико и Реал Мадрид.
Уругваецот доби црвен картон на пет минути пред крајот од продолжението, но неговиот фаул беше клучен за мечот да заврши без голови, по што Реал ја освоија титулата по пенал-серијата. Валверде исто така ја доби наградата за фудбалер на мечот и Симеоне, кој и самиот беше бескомпромисен фудбалер, вели дека тоа е заслужено.
„Наградата има смисла бидејќи Валверде го доби мечот со тој потег. Тоа беше најважниот момент на мечот, бидејќи да продолжеше играта можеби ќе беше гол. Му кажав да не се грижи и дека го направил тоа што морал да го направи“, вели Симеоне.
Самиот Валверде пак вели дека бил разочаран шо добил црвен картон во клучните моменти.
„Моите соиграчи ме поддржуваа, но јас бев тажен. Ми беше незгодно со наградата за играч на мечот. Симеоне исто така дојде и ми кажа неколку зборови кои нема да ги откријам“, вели Валверде.
Spot when Diego Simeone gave Federico Valverde a pat on the head, you know he rates that his tackle on Morata as sublime. Only legends in football knows Valverde was genius with that tackle. #HalaMadrid #RealMadridAtletipic.twitter.com/bsD9DozfuH
— SNPR (@SmartAtuadi) January 12, 2020
Реал Мадрид по пенал-драмата го освои Суперкупот на Шпанија (видео)