Аргентинскиот кошаркарски ветеран, Луис Скола (39) на маса има три понуди, потврди неговиот агент, Клаудио Вилануева.
Скола може да одбира каде ќе ја продолжи кариерата – во трофејниот Реал Мадрид, во италијанската екипа Олимпија Милано, или во татковината, во редовите на Бока Јуниорс.
Зад Скола е одличен Мундобаскет, ја водеше својата земја до големото финале, каде беа запрени од Шпанија.
„Разговарав со луѓето во Реал Мадрид, со евролишашкиот тим од Италија, но и со Бока. Луис сака да игра во татковината, но комликувана е финансиската ситуација. Одлуката каде ќе ја продолжи кариерата ќе биде исклучително негова“ – изјавил Вилануева.
Скола последен пат во Европа настапуваше пред 12 години, во дресот на тогашна Таукерамика од Виториј, а потоа со успех настапуваше во НБА лигата.
Последната сезона настапуваше во првенството на Кина.